Добродојдовте во Conrad

За Conrad


Conrad е меѓу водечките Европски трговски куќи за нарачка преку електронска пошта (e-mail).
Групацијата Conrad е предводена од сопствениците веќе четири генерации и е организирана како менаџерска холдинг компанија. Основана е во Берлин во 1923 година, а денешното седиште се наоѓа во Hirschau во Oberpfalz од 1946 година. Повеќе од 80 години Conrad ја задржува традицијата на континуиран развој. Името Conrad е поим за електроника и технологија низ цела Европа.

Асортиман и квалитет
Conrad овозможува широк круг корисници да имаат пристап до најновите технички иновации. Асортиманот моментално вклучува над 150.000 производи кои ги покриваат сите области на електрониката и технологијата. Conrad тежнее кон квалитет од прва класа. Технолошкиот центар на Conrad (Conrad Technology Centre - CTC) е одговорен за развој на нови производи и обезбедување квалитет.

Служба за потрошувачите

250 вработени се вклучени за да излезат во пресрет на барањата на потрошувачите. Телефонската техничка служба годишно опслужува над 500.000 прашања од потрошувачите.

Главен логистички центар
Главниот логистички центар на Conrad во Wernberg, Германија, е еден од најголемите центри во Европа за прибирање и отпраќање на високотехнолошки производи преку електронска нарачка. Сите испораки кон потрошувачите во Европа се испраќаат од центарот во Wernberg.

Капацитет на испораки: до 35.000 пратки дневно.
Обем на испораки: 5.3 милиони пратки годишно, со над 110 милиони артикли.
Испораки до над 100 држави во светот.






Сите цени се со вклучен ДДВ 18%. Трошоците за праќање на робата не се вклучени во цената.
Дознајте информации за залиха на производите во Скопје на conrad@conrad.mk. Кoнтакт телефон: 02 3 118 333.