Добродојдовте во Conrad

КОНРАД - Скопје - УСЛОВИ НА ПРОДАЖБА


1. ОПШТО
Овие услови за продажба важат за продажба на производи претставени во каталозите или на интернет страницата на КОНРАД , www.conrad.mk.
Овие услови на продажба се објавени во секој каталог на Conrad и на интернет страницата на КОНРАД www.conrad.mk, така што со нив треба да биде целосно запознаен и да ги почитува секој потрошувач кој нарачува производи од каталогот или од интернет страницата на КОНРАД, www.conrad.mk.

2. ЦЕНИ
Сите цени наведени во каталозите или на интернет страницата на Conrad се дадени во денари со вклучен ДДВ (данок на додадена вредност) и со вклучени трошоци за пакување.
При испорака на производот, за истиот по пошта доставуваме соодветна фактура откако ќе добиеме потврда дека истиот е преземен и платен од страна на нарачателот.

3. НАРАЧУВАЊЕ ПРОИЗВОДИ
Производите од Conrad можете да ги нарачате на следните неколку начини:

Дирекција:
Ул."Коле Неделковски" бр.22
1000 Скопје
Тел/факс:
00 389 (2) 3 118 333



- По телефон или факс на следните броеви:
02 3118 -333

- По електронска пошта на адресата:
conrad@conrad.mk

- Преку интернет страницата:
www.conrad.mk

Вредноста на еднократна нарачка не може да биде пониска од 1000,00 денари.
Во оваа сума е вклучен и ДДВ за соодветниот производ.

4. ДОСТАВУВАЊЕ НА НАРАЧАНИТЕ ПРОИЗВОДИ
Нарачаните производи ги испраќаме преку нашите соработници ЈП Македонска пошта, Карго Експрес или преку некоја друга избрана фирма за достава по ваша желба во соодветна транспортна амбалажа. 
Трошоците за пакување на нарачаните производи се на трошок на Conrad.
Трошоците за поштарина и достава на производите се на трошок на нарачателот. Тие се плаќаат при преземање на пратката зависно од тежината и габаритот на нарачаниот производ.
Во случај да го вратите производот кој сте го нарачале заради сервис или неисправност, трошоците за повторно испраќање на истиот до Вашиот дом ги сноси Conrad.
Нарачаните производи ги отпраќаме во период од 24 часа од денот на нарачувањето. Ако производот во моментот е на залиха, ќе го добиете во период од 2-3 дена по нарачувањето (зависно од тоа во кој дел на Македонија треба да се испорача). Ако производот е распродаден или од други причини не може да Ви биде испорачан, ќе Ве контактираме со употреба на податоците кои сте ги навеле во нарачката. Доколку производот не е на физички лагер во продавницата во Скопје, периодот за негова испорака е во рок од 25 - 30 дена.

5. НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ
Нарачаните производи можете да ги платите на следните начини:
- Исклучиво вирмански за правни и физички лица;

Го задржуваме правото на сопственост над нарачаните производи сè до моментот на нивното целосно плаќање.

6. РЕКЛАМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕ
Доколку нарачаниот производ не работи правилно или не работи во склад со Вашите очекувања, Ве молиме најпрво контактирајте ја нашата техничка служба на телефонскиот број 02/3118-333, така што нашиот технички персонал би можел да Ви помогне околу отстранување на настанатиот проблем. На тој начин ќе се осигурите од неправилно ракување со производот, ќе спречите негово оштетување и ќе заштедите време и средства за негово непотребно испраќање на сервис.
Производите кои сакате да ги рекламирате заради некоја од горенаведените причини, можете едноставно да ни ги донесете лично или да ни ги испратите по пошта на следната адреса:

Дирекција:
Ул."Коле Неделковски" бр.22
1000 Скопје
Тел/факс:
00 389 (2) 3 118 333

Производите кои се рекламираат мораат да бидат вратени неоштетени, во неизменета количина и состав и во оригинална неоштетена амбалажа. Производите треба да се испратат како пакет, а не како писмо.
За производите за кои ќе утврдиме дека се оштетени заради неправилна или несоодветна употреба, нема да прифатиме рекламација и гарантни услови.

7. ГАРАНЦИЈА
Сите производи се испорачуваат со соодветна гаранција и со обезбеден сервис и резервни делови. Гарантниот рок зависи од видот на производот и може да биде различен за различни производи.
Гаранцијата почнува да тече од денот на Вашиот прием на производот. Гарантните услови за секој испорачан производ се наведени на испорачаниот гарантен лист со производот.
По правило, сервисирањето на производите се врши во сервисниот центар на Conrad во Скопје. Доколку не настане отстранување на настанатиот проблем со Вашиот производ во законски рок, истиот ќе Ви го замениме со нов. Доколку замената со нов производ не е можна, ќе Ви го вратиме целиот износ на средствата кои сте ги платиле за нарачка на производот, без платената поштарина.

8. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Заштитата на личните податоци на купувачите е во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Вашите лични податоци (име и презиме, поштенска адреса, e-mail и слично) се прибираат за конкретна намена, на пример за нарачување производи или за пријавување за електронски известувања.
Личните податоци исклучиво служат за технички потреби на интернет страницата, за да Ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со Вас. Вашите лични податоци никогаш нема да ги пренесеме на трета страна, ниту било каде на пазарот. Вработените во КОНРАД се обврзани да ја почитуваат доверливоста на Вашите лични податоци.
Вие самите одлучувате кои информации ги оставате во КОНРАД. Доколку одлучите некои Ваши податоци да не ги оставите во КОНРАД, Ве молиме имајте во предвид дека може да не Ви бидат достапни некои делови од интернет страницата www.conrad.mk. Корисниците кои сакаат да се одјават од нашиот електронски сервис, тоа можат да го направат така што ќе го напишат текстот otpis на електронската пошта conrad@conrad.mk.
КОНРАД редовно се грижи да ја овозможи безбедноста на Вашите лични податоци кои грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап.
КОНРАД им препорачува на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на Conrad без дозвола од нивните родители или старатели. КОНРАД никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола од страна на родител или старател.
Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на сите официјални страници хостирани од Conrad. Интернет страниците под оваа страница можат да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од Conrad, на коишто оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува. Кога ќе ја напуштите интернет страницата www.conrad.mk, Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница посебно.
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на Вашите лични податоци и како ракуваме со нив, Ве молиме контактирајте нè во нашата продавница.
На Ваше барање, во најкус рок ќе Ве информираме кои Ваши лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на Вашите посети на интернет страницата www.conrad.mk.
Доколку има промени во политиката за заштита на личните податоци, истите ќе бидат објавени во оваа изјава, на почетната страница на www.conrad.mk и на други места за кои сметаме дека се соодветни за тоа.
Со политиката за заштита на личните податоци гарантираме дека:
- Вашите лични податоци во никој случај нема да бидат злоупотребени;
- Вашите лични податоци никогаш нема да бидат доделени на трета страна, освен ако од надлежни државни органи, со Закон тоа не се побара од нас;
- Никогаш нема да Ви испраќаме e-mail пораки за кои Вие не сте дале согласност, со исклучок на пораки поврзани за купувањето;
- Во секое време ќе Ви дозволиме, брзо и лесно да се откажете од примањето на електронски пораки од нас.

Со почит,
КОНРАД
Сите цени се со вклучен ДДВ 18%. Трошоците за праќање на робата не се вклучени во цената.
Дознајте информации за залиха на производите во Скопје на conrad@conrad.mk. Кoнтакт телефон: 02 3 118 333.